Лабрадорот ги исчува мачињата кои останаа без мајка и ги одгледало како да е нивен татко (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Лабрадор Берти ги зграпчи срцата на луѓето откако прифати седум мачиња оставени без мајка и ги воспитуваше како да е нивниот татко.

Loading...

Напуштените мачиња имале околу две недели кога биле пронајдени покрај патот, а нивната мајка не била но нив. На оваа возраст тие не можеле да преживеат сами, па затоа лицето кое ги пронашло ги однело во засолниште.

 

Откако ветеринарите утврдија дека мачињата се здрави, медицинска сестра во засолништето, Рејчел, реши да ги однесе мачињата дома со себе.

Таму ги пречека нејзиниот Лабрадор Берти, кој веднаш тргна заштитно кон новодојдените маченца.

“Неверојатно сум горд на Берти за начинот на кој се грижеше за мачињата во последните неколку недели. На помалку од две години, не би помислиле дека е толку трпелив и грижлив “, изјави Рејчел.

 

Loading...

 

Таа додаде дека сите мачиња биле посвоени откако биле доволно стари.

„Бев тажна кога ги видов како заминуваат. Претпоставувам дека Берти сега ужива во мир и тишина кога ги нема. Тој го заслужи тоа”, заклучила таа.

Leave a Reply