Купила чоколадно јајце на своето дете, а кога го отворила и се смачил животот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една Британка забележала нешто невообичаено на чоколадно јајце, кое го купила на својот двегодишен син. Кога малку го изгребала, останала во шок.

Loading...

– Одлучивме да го изгребеме јајцето со нож и одеднаш на кујнската маса испадна нешто што изгледаше како мал жолт црв. Бев згрозена. Бргу зедов телефон и започнам да снимам додека стружевме понатаму. Тоа е најлошиот кошмар за родител. Замислете тоа да го дадев на своето дете, рекла оваа мајка која има 28 години.

Потоа се обратила во продавницата и до произведувачот. И рекле дека ќе испратат кутија во која ќе го стави јајцето и ќе го испрати во нивното седиште за да истражат што се случило, пишува The Sun.

Откако го прегледала јајцето, утврдила дека рокот на траење истекол пред повеќе од година дена. Снимката ја објавила на социјалните мрежи.

– Откако испаднаа четири црви, одлучивме да го замотаме јајцето назад. Не барам надокнада, но сакам луѓето ова да го знаат. Мислам дека тоа е важно, напишала таа на Фејсбук.

Leave a Reply