Кунезите нудат работа платена милион долари, но потребни се овие услови

Сподели со своите пријатели

Кина продолжува со своето истражување на вселената, но има и неочекуван проблем кога се работи за нејзиниот најамбициозен проект.

Кинеската Влада бара човек кој ќе го надгледува секојдневното функционирање на најголемиор радио-телескоп во светот и тоа за плата од 1,2 милиони долари и бесплатно место за живеење.

Меѓутоа, се уште не успеале да пронајдан некого затоа што оваа професија е многу захтевна.

Телескопот со пречник од 500 метри, познат по акронимот FAST, може да прими радио сигнали од делови на вселената оддалечени 1.000 светлосни години, што го прави водечки инструмент на денешницата за потрага по вонземски облици на живот.

Постојат неколку причини поради кои е тешко да се пронајде менаџер за овој проект.

Првин тоа мора да биде некој со извонредно знаење, особено за неговите иновативни компоненти кои захтеваат прецисно тестирање и калибрација.

Кандидатот притоа мора да има 20 години искуство, од што и водечка улога на некој поголем проект за радио-телескоп, како и звање професор на некој угледен институт или универзитет.