Кумановските угостители се приклучија на протестот пред Министерството за финансии (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановските угостители денеска организирано се приклучија на протестот кој го организира Туристичко-угостителската комора на Македонија пред Министерството за финансии.

Loading...

 

 

Од пред Градскиот базен во Куманово организирано претставници на четириесетина правни субјекти кои членуваат во Здружението на угостители „Бисер“ пред надлежните ќе достават три барања за помош бидејќи веќе со месеци трпат рестрикции во работењето како мерка за заштита од коронавирусот.

 

 

Loading...

– Бараме конкретна помош не позајмици и кредити кои веќе се достасани од првите ковид мерки што ги добивме ланската година. за сите регистрирани угостителски објекти бараме еднократна финансиска помош која што ќе биде во три категории во зависност од големина и број на вработени на претпријатието. Како второ конкретна финансиска помош за угостителските објекти кои веќе 14 месеци се затворени, тоа се нели рестораните за свадби и организирани веселби, ноќни клубови и трето бараме мораториум за сите кредити и камати кои ги имаме кон комерцијалните банки и развојната банка кои ги добивме како мерка, изјави Тони Димитриевски Шеик, претседател на Здружението на угостители „Бисер“.

 

 

Како што потенцираше Димитриевски, петтиот пакет мерки е изгласан и допрва треба да се аплицира, но, иако сега е втора половина од парил, со него се предвидени плати за јануари.

 

 

Loading...

Вели дека нема отпуштања засега, но дека ако не добијат конкретна помош од државата ќе бидат принудени на таков чекор.

 

 

Инаку угостителската дејност во Куманово вработува од две до три илјади лица.

Никола Ивановски

Leave a Reply