Кумановските средношколци заедно уредуваа парк (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Средношколците од кумановските училишта „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ денеска учествуваа во иницијативата за уредување на еден од парковите во градот како дел од проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието кој се спроведува со поддршка на Општина Куманово и претпријатието „Чистота и Зеленило“.

Loading...

Младите кумановци од македонските и албанските паралелки го исчистија отпадот во паркот во близина на средното училиште „Перо Наков“, поставија корпи за отпадоци, ја искосија тревата, ги заменија оштетените даски на клупите со нови, ги бојадисаа бетонските и металните конструкции во паркот.

На акцијата присуствуваа директорката на канцеларијата на УСАИД во Македонија Гречен Биркл, претставници на војската на Европската команда на САД, претставници на локалната самоуправа, јавното претпријатие Чистота и зеленило, директорките на средните училишта вклучени во проектот, наставници, родители. 

Проектот на УСАИД опфаќа повеќе активности, информираше директорката на „Перо Наков“ Мила Жибак, меѓу кои трибина, работилници и изложба.

Loading...

– Добивме  грант за  замена на стари со нови енергетски ефикасни прозорци, во една училница се реновираше подот која што се користи за реализација на уште еден проект  АКЦЕС на УСАИД со поддршка на МЦГО, денеска ги одбележуваме тие настани, дискутираме за значењето на меѓуетничката интеграција, изјави Жибак.

Проектите за меѓуетничка интеграција речиси секогаш се реализираат во Куманово, како мултиетничка средина, велат од секторот за образование.

– Придонесуваат во подобрување на соживотот меѓу повеќето етнички заедници кои што живеат во Куманово. МЦГО и  УСАИД се едни од најголемите донатори во изминатите десетина години, иницијативата и желбата да помогнат продолжува и понатаму, изјави раководителот на секторот, Жика Крстевски.

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања. Преку создавање можности учениците да се дружат и да соработуваат на разни граѓански инцијативи, проектот негува позитивни интеракции помеѓу етнички разновидната младина на ниво на училште и заедница . Проектот го имплементира Македонскиот центар за граѓанско образование  во соработка со Младински образовен форум.

Loading...

Leave a Reply