Кумановските пожарникари викендов со 4 интервенции

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарикари викендов бележат четири интервенции во доменот на својата работа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 13:05 до 16:00 часот во атарот на селото Матејче било интервенирано на запалена сува трева. Пожарот го гаснеле тројца пожарникари со едно противпожарно возило.

Вчера пожар изби и во објект на поранешната фабрика „Житомел“ каде во период од 18:21 до 20:00 часот интервенираа тројца пожарникари.

Во населбата средорек горела сува трева. Интервенирале исто така тројца пожарникари, во период од 18:40 до 19:45 часот.

На улицата „Моша Пијаде“ се запалила електрична бандера, но пожарникарите со 25-минутна интервенција спречиле поголема хаварија.

Leave a Reply