Кумановските пожарникари вчера со пет интервенции

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари вчера бележат пет интервенции претежно на запалена сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи сува трева во период од 15:15 до 16:10 горела во атарот на населбата Вера Которка, а од 15:35 до 16:15 часот во селото Речица кај кај Аџитепе.

Интервенција бележат и на „Трета МУБ“ на запален којтејнер од 19:55 до 20:20 часот.

Во селото Умин Дол интервенирале на запалена сува трева во време од 22:30 до 23:30 часот со 1ПП возило и 3 пожарникари, а сува трева гаснеле и во селото Табановце во време од 24:00 до 01:00 часот.

Leave a Reply