Кумановските пожарникари вчера изгаснале два пожари и спречиле самоубиство

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден бележат интервенции на два пожарни, но и техничка интервенција кога спречиле едно лице да се самоубие, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Првата интервенција започнала во 14:50 часот кога гаснеле запалена сува трева во атарот на селото Четирце. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило го локализирале огнот до 16:20 часот.

Пожар имало и во селото Никуштак, каде на помош притрчале кумановските колеги. Во 17:05 часот зпаочнала интервенцијата за спасување на амбар за чување житарици. Со едно возило и двајца пожарникари, а во соработка со пожарникарите од Општина Липково успеале да го локализираат огнот во 19:10 часот.

ТППЕ Куманово вчера бележи и техничка интервенција. Четворица пожарникари со едно противпожарно возило биле на терен и успешно спречиле самоубиство, кога едно лице сакало да си го одзеде животот скокајќи од третиот кат. Оваа интервенција траела од 14:50 до 16:20 часот.

 

Loading...