Кумановските пожарникари со две интервенции изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Кумановските пожарникари бележат две интервенции во текот на изминатите 24 часа, кога на ена иста локација два пати горела сува трева.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била во населбата Карпош каде се запалила сува трева. Тројца пожарникари интервенирале на терен во период од 14:20 до 15:00 часот.

Причината за пожарот засега е непозната.

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово вчера интервенирале на опожарена сува трева на истата локација. Пожарот бил изгаснат во период од 17:15 до 18:00 часот, а како причината за настанување на истиот се наведува човечки фактор, стои во дневниот билтен на РЦУК.

Никола Ивановски

Leave a Reply