Вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово кон почетокот на 2018 година ќе добијат нова основна опрема, најави денеска градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.
Опремата која е застарена ќе биде заменета со нова за која, како што посочи градоначалникот, веќе е распишана тендерска постапка.
– Веќе е во тек е тендерска постапка распишана за набавка на нова основна опрема на пожарникарите во нашата општина обезбедени од сопствени средства и веќе во 2018 година ќе набавиме основна опрема и ќе продолжиме технички да се доопремуваме согласно нивните барања. Исто така ја користам оваа прилика да се заблагодарам на најдобриот полицаец и пожарникар, да им посакам успех здравје среќа, да имаат што помалку работа и доследно согласно правилата на служба да си ја вршат својата работа и институциите кои ги претставуваат нивните командири и началници, изјави Димитриевски.
Loading...
Утринава беа прогласени и најдобриот полицицаец и пожарникар во Општина Куманово за 2017 година.