Кумановските пожарникари и викендов со полни раце работа

Сподели со своите пријатели

Вработените во Територијалната противпожарна единица Куманово и викендов имаа полни раце работа кога се во прашање гаснењата на пожарите.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Вчера околу 10:40 часот интервенирале на шумскиот пожар во атарот на селата Живиње и Сушица. Екипа од четворица пожарникари со едно противпожарно возило останале на терен за да ги гаснат активните жаришта, но околу 16:00 часот била испратена уште една на испомош на вработените во Шумско стопанство Куманово. Пожарот целосно бил ликвидиран околу 18:45 часот.

Изгаснат е и шумскиот пожар во атарот на селото Липково, каде околу 20:00 часот близу до амбулантата се активирале пламени јазици.

Кумановските пожарникари бележат и три успешни интервенции на опожарена сува трева и тоа во селата Табановце, Романовце и Липково.

Leave a Reply