Кумановските пожарникари гаснеле сува трева во Слупчане

Сподели со своите пријатели

Сува трева вчера горела во атарот на селото Слупчане.

Loading...

Во единствената интервенција што вчера ја бележат Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Куманово, горела сува трева во атарот на селото Слупчане.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, четворица пожарникари интервенирале на терен во период од 20:15 до 22:15 часот.

Никола Ивановски