Кумановските кик-боксери во поход по медалите од Државното првенство

Сподели со своите пријатели

Кик-бокс клуб Куманово 2006 во масовен број тргнува во поход на медалите од Државното првенство за кик-бокс и ММА дициплини во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија што ќе се одржи во недела на Скопски саем.

Боите и честа на клубот и град ке ги бранат Филип Наковски дисциплина К-1 до -86кг, Емилио Величковиќ ММА до -93кг, Емил Ставревски ММА до -77кг и Немања Спасовски ММА до -70 кг.

Во изминатиов период напорно трениравме во поглед на физички, тактички и технички план опфативме тренинзи во сала, теретана во затворениот базен во градот и мислам дека сме спремни за државното првенство и очекуваме добар резултат. Со што достоинствено како и секогаш ке го претставиме градот и клубот во убаво светло – изјави тренерот Сашо Илиевски и ја корости приликата да му се заблагодари на градоначалникот на Куманово кој помогна да се реализира ова натпреварување.

Исто така ги повикува сите љубители на кик бокс и ММА спортот ако се во можност да присуствуваат и да дадат подршка на нашите натпреварувачи од клубот и градот Куманово.