04.06.2018 13:27

Кумановските кик-боксери освоија 10 медали на Државното првенство (ФОТО)


Кумановските Кик бокс клубови „Предатор“ и „Куманово 2006“ викендов беа дел од државното првенство во кик бокс каде се закитија со низа златни, сребрени и бронзени медали.

Јовица Спасовски, Виктор Андоновиќ и Ана Илиевска од клубот „Предатор“ освоија златни медали во дисциплината лоу кик, Марио Бајдевски освои сребрен медал во дисциплината кик лајт, додека Милица Ѓорчевска, Стеван Јовчевски и Макс Спасовски освоија бронзени медали во дисциплината кик лајт.

 

 

– Секој нов натпревар е нова школа и нова мотивација за уште поголеми резултати. Полека, но, сигурно сегашното раководство на Кик-бокс федерацијата успешно го подобрува квалитетот на овој спорт во секој поглед. Волците од Кик-бокс клубот „Предатор“ допрва доаѓаат, вели тренерот Оливер Милорадовски.

 

 

– Вежбавме напорно и се посветивме на првенството. Сега сум подготвен за европското првенство што за мене е голем предизвик. Ќе му се заблагодарам на мојот тренер што несебично даде се од себе да не подготви за оваа натпреварување, вели Виктор Андоновиќ кој од првенството се врати со златен медал.

 

 

Две сребрени и една бронзена медала освоија и борците на кик-бокс клубот „Куманово 2006“.

 

 

Филип Наковски кој се натпреваруваше во дисциплината К1 до 86 килограми освои сребрен медал. Тој во финалето се сретна со репрезентативецот Димитар Ѓорѓиевски од Неготино и во една тесна борба полна со тактички уради од двете страни, на крајот победата во бодови ја однесе неготинчанецот.

 

 

Сребрен медал освои и дебитантот Александар Стоилковиќ кој во полуфиналето беше поуспешен од противникот од клубот Предатор, а во финалето загуби од штипски противник.

Бронезен медал замина во рацете на Лука Велковски кој во полуфинална борба загуби од противник од Скопје, но според неговиот тренер Сашо Илиевски, за разлика од претходните настапи напредува исклучително подобро.

 

 

Државното првенство се одржа во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а во организација на Кик-бокс федерацијата на Македонија.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments