Кумановскиот театар со две претстави ја отвара новата сезона

Сподели со своите пријатели

Новата сезона за 2016 година официјално започна во Народен Театар – Куманово и тоа со две претстави за тековниот месец.

Првата претстава ќе биде „Жена од минатото“, според текст на  Роланд Шимелфениг, а во режија на Нела Витошевиќ. Истата ќе се игра на 21-ви јануари, четврток со почеток во 20 часот.ж

Темите за осаменоста, отуѓеноста, рушењето на интегритот на поединецот, влијание на случувањата од минатото врз иднината, непостоењето на етички норми и принципи, неснаодливоста во ова време се доминантни во драмата „Жена од минатото“.

Во  актерска екипа се имињата на Александра Пешевска, Игор Ангелов, Јасмина Василева, Марко Трајковиќ, Нина Максимова.

Влезот за студентите е слободен, како и секој четврток во неделата.

Loading...

Втората претстава на репертоарот на театрот е драмата „Идиоти“, според едночинките на Муза Павлова, а во режија на Мирослав Петковиќ. Истата ќе се игра во петок на 22 јануари со почеток исто во 20 часот.

„Идиоти“ од Муза Павлова, која е на еден начин „мала но голема“ драма, добива во своето значење бидејќи во неа дејствијата престануваат да бидат „слики“  и „приказни“ од Запад или Исток, туку стануваат сеопшти и „своина“ на сите нас. Искуство без идејни, временски, идеолошки или какви било ограничувања. Во актерска екипа се наоѓаат имињата: Александра Михајловска, Мартин Лазаревски, Владо Дојчиноски, Марко Трајковиќ.

Влезници за претставите можат да се набават на билетарниците на Театар Куманово секоја работен ден.