Кумановскиот суд изрече казни за оние кои не ги почитуваа препораките

Сподели со своите пријатели

Основен суд Куманово во изминатите денови донесе неколку пресуди по однос на прекршување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Loading...

Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово, на 31.03.2020 година, донесе една пресуда, со која две лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и се осудени на парична казна од по 50 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од по 61.300,00 денари.

– На 01.04.2020 година, донесе, пет пресуди, со кои пет лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело, едно лице е осудено на парична казна од 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од 123.000,00 денари, а четири лица се осудени на парична казна од по 100 дневни глоби во вкупна денарска противвредност од по 61.500,00 денари.

Наведените кривични дела, како што појаснуваат од кумановскиот суд, обвинетите ги сториле на начин што, еден од обвинетите лица, за време на пандемија, како епидемија од глобални размери, со одлука на СЗО, иако при влез во РСМ, од средноризична земја, потпишал писмена Изјава за задолжителна самоизолација, на ден 25.3.2020 година, при извршена контрола од страна на службени лица на МВР-СВР Куманово, не бил затекнат во неговиот дом, каде што требало да ја спроведува самоизолацијата; а останатите обвинети 6 лица, на 24.03.2020 година и на 25.03.2020 година, во истите околности, за време на пандемија од глобални размери, постапилe спротивно на Одлуката на Владата на РСМ од 23.03.2020 година, со која се определуваат мерки за забрана и посебен режим на движење на територија на државата, од 21,00 часот до 05,00 часот, односно, не ја почитувале забраната за движење, во наведениот период.

Никола Ивановски

Leave a Reply