Кумановскиот Дом на АРМ повеќе нема да биде место за наркозависници и бездомници (галерија)

Сподели со своите пријатели

Со барање испратено од Владата на РМ до  Секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово за овозможување на непречно изведба на градежни работи во некогашниот Дом на АРМ,  неодамна започна реновирање на некогашниот армиски дом, информира Вера Лазаревска, раководител на општинскиот сектор за комунални дејности.

Loading...

[huge_it_gallery id=”246″]

 

Како што информира Лазаревска, во барањето доставено до општинскиот сектор на 5 ноември, од општинските служби е побарана сеча на дрва, гранки и расчистување на просторот, за да потоа непречено може да отпочнат градежните работи, но без прецизирање во барањето, што ќе предвидува реконструкцијата на некогашниот Дом на АРМ.

Фирмата изведувач на градежните работи односно работниците на терен во изјава за Кумановски Муабети велат дека тие не се запознаени со деталите за реконструкцијата.

Неофицијално, се зборува дека во некогашниот Дом на АРМ ќе се вселат Управните служби на СВР Куманово за издавање на лични документи, Архивот на РМ и ЈП Шумско стопанство – регионална канцеларија Куманово.

Инаку, откако армијата престана да го користи овој дом, во напуштените простории често се случуваа пожари и местото стана пребивалиште на наркозависници и бездомници.