Кумановскиот Црвен Крст организираше натпревар по прва помош (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Вкупно шест екипи учествуваа на денешниот општински натпревар по прва помош, кој се одржа во центарот во Куманово, по 27. пат во организација на Црвениот Крст Куманово.

 

Loading...

 

Учесниците се натпреваруваат во пружање прва помош при различни повреди и состојби. Екипите ги оценуваа лиценцирани лекари и стручни лица кои соработуваат со општинската организација на Црвениот крст, а според одговорните од Црвениот Крст се оценуваат, подготвеноста на кандидатите, брзината, пристапот и употребата на санитетскиот материјал за пружање прва помош, но и креатвноста на екипите.

 

 

На натпреварот учествуваат екипи од средните училишта од Куманово и екипа од клубот на млади на Црвениот крст. Екипите се натпреваруваат во пружање прва помош при разлини повреди. Обуката трае повеќе од месец дена. Имавме првин теоретска подготовка, потоа и практично со лекари, изјави Сања Росевска, од Црвен Крст Куманово.

Учесниците очекуваат добри резултати и сметаат дека укажување на прва помош треба да знае секој.

 

Loading...

 

Младите волонтери од Црвениот Крст придонеса за поуспешна реализација на натпреварот. Првопласираните три екипи добија дипломи и благодарници за учество на натпреварот.

 

 

Првопласираната екипа,  Екипата од Клубот на млади на Црвениот Крст на Република Македонија Општинската организација Куманово ќе учествува на државниот натпревар по прва помош што ќе се одржи во септември.

Leave a Reply