Кумановскиот Центар за култура ги откажа сите настани

Сподели со своите пријатели

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ги откажа сите настани заклучно 24 март, а ова важи и за кумановскиот театар.

Loading...

Како што информираат од менаџментот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ваквата одлука следува по вечрашните препораки донесени од страна на Владата да се одложат сите јавни собири и настани, а со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– НУЦК ја информира јавноста дека повторно ги пролонгира/откажува сите настани и претстави кои беа закажани во следниот период, заклучно со 24 март 2020 година. За продолжување на редовната репертоарска програма дополнително ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението од установата.

Во меѓувреме на работат ниту образовните институции, градскиот базен, а сите спортски натпревари ќе се играат без публика.

Никола Ивановски

Leave a Reply