Кумановски акцијаши утре ќе чистат на Спомен Костурница

Сподели со своите пријатели

Нова волонтерска работна акција на граѓанското здружение „Кумановски акцијаши“ ќе зпаочне утре во 8:30 часот, а ќе се уредува назначајното спомен обележје во градот, Спомен Костурница.

Ве поканувам во сабота во 8 и 30 часот на волонтерска работна акција за уредување на нашиот симболна народно ослободителната борба Спомен Костурница, која за жал од негрижа и несоодветен третман од надлежните институции е препуштен на хулигани. Сите граѓани – волонтери да дојдат во закажаното време на и со себе понесете само добра граѓанска воља да го уредиме ова обележје на нашите предци кои ги дадоа своите животи за да ние денес живееме пред се во сопствена држава – стои во соопштението од Кумановски акцијаши.

На акцијата во 10:30 часот ќе се приклучи и Општинската организација на СДСМ од Куманово која ќе даде свој допринос во уредувањето на овој импозантен културен белег на Куманово.