Кумановската полиција викендов казнила над 230 возачи

Сподели со своите пријатели

Над 230 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово поради прекршоци во сообраќајот.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 237 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, најголем дел од напишаните казни, или 188 од нив, биле поради управување возило со брзина поголема од пропишаната.

25 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 20 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Сообраќајните контроли, велат од полицијат,а продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски