Кумановската полиција улови 88 возачи кои „дивееле“ низ улиците

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (25.08-01.09.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 88 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 27 возачи, информираат од кумановската полиција.

Loading...

Единаесет лица од исклучените од сообраќај управувале под дејство на алкохол, а 16 возачи возеле пред да се стекнат со право за управување на моторно возило).

– Од сообраќај се исклучени 20 возила од кои 14 возила бидејќи биле нерегистрирани, а шест поради тоа што биле технички неисправни. Санкциониран е еден возач поради поминување на кртосница на црвено светло и двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило, стои во статистиката на СВР Куманово

Во текот на минатата недела издадени биле 233 мандантни платни налози,  89 прекршочни платни налози, а 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Leave a Reply