Кумановската полиција спречи шверц на 39 мигранти, од кои 21 малолетни

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 03,00 часот на обиколницата Куманово – Свети Николе од страна на патролната служба од Полициската станица за БПС Куманово, забележано било било товарно моторно возило марка „Форд Транзит“ со струмички регистерски таблички сопственост на Ј.М.(42) од Струмица, кое било придружувано од патничко моторно возило марка „Ауди А3“ со бугарски национални ознаки и „Ауди А6“ со струмички регистерски таблички, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на УПС биле сопрени возилото „Ауди А3“ сопственост и управувано од Г.С.(33) од Струмица и сопатникот И.К. (29) од Струмица, и автомобилот марка „Ауди А6“, управувано од С.А. (35) од Струмица и сопатникот Ѓ.Д.(24) од Струмица, по што двете возила и лицата биле приведени во СВР Куманово за расчистување на настанот.

Од страна на друга полициска патрола во населбата Доброшане било пронајдено напуштено товарното моторно возило „Форд Транзит“ и при извршен преглед во возилото биле пронајдени 39 мигранти од кои 21 биле малолетни лица. Истите не поседувале документи за идентификација.

По наредба на јавен обвинител, три полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци – Скопје до расветлување на настанот, додека останатите 36 лица мигранти ќе бидат вратени во Транзитниот центар – Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Република Грција.