Кумановската касарна „Боро Менков“ го одбележа патрониот празник (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Свежо цвеќе пред бистата на херојот во касарната „Боро Менков“ положија командантот на ЗОК, заменик командантот на прва механизирана пешадиска бригада, командантот на касараната, членовите на здружението на борците од Куманово, градоначалникот на општина Куманово, градинката „Ангел Шајче“.

 

Loading...

 

Пред присутните се обрати командантот на касарната потполковник Ердоан Хасан, кој се осврна на учеството на Боро Менков во востанието на 11 Октомври, неговото дејствување во Карадачкиот партизански одред, борбата и загинувањето.

 Идеалите за храброст, херојство, пожртвуваност и патриотизам кон сопствената држава и народ на Боро Менков и неговите соборци како да се пренесени на сегашните генерации. Како и тогаш, така и сега задачите и обврските се големи, а целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата, а со нашата храброст и патриотизам низ секојдневните активности и ангажирања го докажуваме тоа, рече Хасан.

 

 

За делото на Боро Менков, зборуваше и историчарот од кумановскиот Музеј, Јасмина Глигоровска која истакна дека Боро Менков е прогласен за народен херој на 30 декември 1951 години.

 

Loading...

 

Во рамки на прославата се одржа и крводарителска акција, а културно -уметничката програма ја збогатија ученици од „Гоце Делчев“ и од градинката „Ангел Шајче“.

 

 

На прославата присуствуваа претставници од претпоставените команди, преставници од државна управа, јавните установи и служби, правни и физички лица со кои соработува Армијата на Република Македонија.

 

 

Loading...

Leave a Reply