Кумановската Гимназија одбележа 76 години постоење и 118 години од смртта на патронот Делчев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Гимназијата Гоце Делчев денеска одбележува 76 години постоење, односно работа на оваа училишна установа и 118 години од смртта на легендарниот револуционер Гоце Делчев.

Loading...

 

 

Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положија претставници на општината, советот, политичките партии и други.    

 

 

Loading...

– Во малку поскромни пригоди од вообичаеното го прославуваме патрониот празик, поради мерките за заштита. Иако имавме подготвена музичка програма но тоа ќе го оставиме за некои подобри времиња кога состојбата ќе се подобри и нашите ученици ќе се претстават пред платото на центарот за култура како шпто првично беше замислено. Целата година наставата се одржуваше онланј, обезбедивме добри услови и за наставниците кои имаат проблеми со ИТ опрема да можат без проблеми да ја одржуваат наставата во училиштето. Обезбедивме таблети за ученици од ранлива категорија за да можат непречено да присуствуваат на наставата, задоволни сме од целата реализација на наставата и горди сме на нашите ученици што и покрај онлајн настава сепак се учесници на сите натпревари, трибини, квизови, конкурси на кои како училиште учествуваме.- истакна директорката на училиштето Марија Тодоровска.    

 

 

Учениците говореа за ликот и делото на Делчев за кого кажаа дека бил револуционер и светла личност од македонската историја.

 

 

Loading...

Делчев е роден на 4-ти февруари 1872 година во Кукуш.  Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Бил учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.         

 

 

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО, а до 1901 година бил задграничен претставник во Софија. Тој е убиен од турската војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница.

 

 

Loading...

М.Ф.

Leave a Reply