Кумановската библиотека ги урива сопствените рекорди

Сподели со своите пријатели

Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ лани имала 4.202 нови членови, што е најголема бројка на нови членови во една тековна година, од постоењето на оваа установа.

Loading...

Како што рече директорот Марјан Петковски на денешната седница на Советот на Општина Куманово, набавната политика и големиот избор на книги допринесува за успешноста на библиотеката, која минатата година е прогласена за најдобра од страна на Националната универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“.

– Имавме и минатата година како и претходните многу проекти реализирани, мини саеми на книги кои секако ќе продолжат и во 2019 и се надевам дека овој епитет кој го кажавте дека сме најуспешна библиотека за 2018 ќе го здржиме и годинава, тоа се податоци официјални од извештајот на Национална универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ од системот „КОБИС“ каде се поврзани скоро сите библиотеки од поранешна Југославија. Тука се земени сите сегменти како нови книги, членови, преземање и креирање записи, каде може да се преземат од сајтот на виртуелни библиотеки и да се направи увид, така да се надевам дека и оваа година ќе настојуваме да го задржиме тој епитет како најуспешна не само во 2018 туку и во претходните, рече Петковски.

Библиотеката минатата година го зголемила и бројот на вработените, што наиде на критики од опозицијата, со оглед дека се потрошени повеќе средства по основ на исплата на плати и придонеси. Според советникот Сашо Стошевски тоа биле партиски вработувања.

Директорот Петковски вели дека нема зголемување на бројот на вработените, туку само замена на оние кои заминале во пензија.

– Не се согласувам со вас, политиката ја ставате на прво место, а не она што институцијата ја остварила. И покрај белата чума и бројот на ученици кој се намалува ние имаме повеќе членови и тоа се должи на вработените кои работат на популаризација на книгата и читањето во нашиот град, рече Петковски.

Библиотеката дневно ја посетуваат над 200 членови, а во двата оддели заедно работат 18 лица.

Leave a Reply