Куманово загуби од ТФТ во крајно возбудлив натпревар (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово забележаа пораз вечерва на домашен терен од составот на скопски ТФТ со резултат 88:94.

Loading...

 

 

Првите десет минути од средбата се играше кош за кош, иако завршија во полза на ТФТ со резултат 20:23.

 

 

Loading...

Пет поени повеќе запиша ТФТ и во втората четвртина, по што на полувреме се занима со резултат 48:40.

 

 

Третата четвртина Куманово му парираше на ТФТ, но немаше сили да постигне повеќе поени при што во последниот дел од средбата се влезе со 64:73.

 

 

Loading...

Последните десет минути на паркетот беа турбулентни, иако ТФТ постојано имаше предност.

 

 

Најефикасни во составот на Куманово беа Рос со 18 поени, 16 запиша Андрејевиќ, а со поен помалку натпреварот заврши за Марковски и Ѓекиќ. Двоцифрени поени забележа и Ливингстон.

 

 

Loading...

Од клупата на Куманово на денешниот меч постојано пристигнуваа обвинувања за тенденциозно судење во полза на гостинскиот состав, дека на 10 секунди пред крај кога постоеше можност за пресвртница во резултатот беше судена намерна лична грешка.

 

 

Од Управата на Куманово најавија и официјална реакција на денешното судење.

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Текст/фото: Никола Ивановски

Leave a Reply