Куманово во Холандија ќе ја започне битката во ФИБА Еврокупот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово во Холандија ќе го одиграат првиот натпревар во ФИБА Еврокупот годинава во рамките на квалификациските турнири.

Loading...

Домаќин на турнирот во групата А, каде се натпреварува Куманово е Гронинген во Холандија. Таму кумановски во четвртфиналето ќе се пресметаат со Свонс Гмунден од Австрија.

Евентуална победа против австриските кошаркари, кумановци ќе ги однесе на натпревар со тимот на Донар.

Вториот македонски претставник ќе има малку поголем проблем, бидејќи нивниот турнир ќе се игра дури во Сибир, поточно во Краснојарск и до таму ќе треба да отпатуваат неколку илјади километри

Сите турнири се закажани да се одиграат меѓу 28 септември и 1 октомври.

Никола Ивановски