Куманово веднаш зад Скопје по степенот на малолетничка деликвенција

Сподели со своите пријатели

За 2017 година околу 260 малолетни деликвенти биле регистрирани во Куманово според евиденцијата на Советот при Министерството за образование и наука и за тие деца била побарана помош од Центарот за социјални работи.

Од таа причина, во кружната сала на поранешен Комитет криминологот Миле Гиновски, член на Совет за детско престапништво при Министерство за образование и наука ја презентираше програмата „Вештини за тинејџери“ која моментално опфаќа 105 држави од светот.

 

Loading...

 

 

Според податоците во Државниот совет, како што посочи Гиновски, се бележи висока бројка на случаи со малолетничка деликвенција, па од таа причина на иста маса седнаа институциите, но и учениците.

– Во Куманово се јавува една бројка на малолетници каде се поднесени одредени барања до Центарот за социјални работи и таа бројка се провлекува години наназад и ние не знаеме како Државен совет на што се тоа должи и нон сенс е Куманово заедно со Скопје да бидат заедно, затоа што сепак Скопје е метропола, а Куманово мал град. Затоа на моја иницијатива ги поканив обвинителот, судијата за малолетници, сите директори и психолози на училиштата, а воедно што е многу значајно ги поканив и учениците што многу ретко се практикува, сите ние возрасните се обидуваме да правиме некои стратегии кои се наменети за нив, а притоа зборуваме во нивно име, што мене многу ми пречи, затоа реков да дојдат тие за да видиме нивните идеи да ги слушнеме, тие што ќе предложат и да ги почитуваме нивните предлози за да правиме превентивни стратегии во овој период, изјави Гиновски.

 

 

 

Loading...

Законот за детската правда и програмата „Вештини за тинејџери“ која од понеделник ќе стартува во образовните институции денеска беа презентирани пред учениците и просветните работници во Куманово.

– Преку „Вештини за тинејџери“ ние градиме вештини кај нив за да тие на време се справат со предизвиците, опасностите кои ги демнат денеска, а за жал навистина ги демнат во секој дел од градот, во местото на живеење, училиштето, надвор од училиштето, местото на дружење. Таа програма е многу добра и веќе едно училиште „Бајрам Шабани“ е определено од моја страна и треба да стартува. Интенцијата е оваа програма да се прошири во сите училишта, ако успееме тоа да го направиме јас тврдам дека со таа програма ќе ги спасиме децата од сите овие социодевијантни појави, посочи Гиновски.

 

 

Програмата „Вештини за тинејџери“ е врзана за градењето вештини кај малолетниците за да се справат со секојдневните проблеми во животот со нагласена улога на семејството.

Leave a Reply