Куманово утринава со температура под нулата

Сподели со своите пријатели

Денес во утринските часови ќе имаме релативно ниски температури, а облачното време проследено со дожд се уште ќе биде застапено во западните и северните делови од државата, пишува порталот МетеоПро.

Во претпладневните часови ќе настапи намалување на облачноста, а во текот на попладневните се очекуваат и сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, а истиот во текот на денот ќе донесе посвежи температури споредбено со изминатиот период. Така максималните ќе се движат во интервал од 12 до 17 степени целзиусови.

Во Куманово ќе имаме кочан ледено утро со температура еден степен под нулата, а максималната дневна ќе биде до 13-от степен, во комбинација со засилен ветер од западен правец и облачно време со сончеви периоди. Благ пораст на температурите ќе има во среда и четврток, за кога исто така се можни локални врнежи, а веќе во петок повторно опаѓање и нова дестабилизација.