Куманово утре ќе го одбележи 11 Октомври – Денот на востанието

Сподели со своите пријатели

Денот на народното востание на македонскиот народ – 11 Октовмри утре ќе биде одбележан со низа манифестации во Куманово, градот првоборец.

Loading...

Празникот ќе го одбележат неколку спортски настани, а свечениот дел ќе се одржи на спомен Костурница каде делгации ќе положат свежо цвеќе.

Чествувањето на празникот ќе започне со Ракометен турнир „11 Октомври“ кој го организираат Општинскиот сојуз на спортови Куманов (ОССК) о и Машкиот ракометен клуб Куманово. Турнирот започнува во 10 часот, кој првично беше закажан да се одржи на спортските терени во Соколана.

Одбележувањето продолжува со традиционален пинг понг турнир во организација на пинг-понг клуб Куманово кој започнува во 10:30 часот во спортската сала на СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

Потоа следува свечениот дел од чествувањето. Во 11 часот на Спомен Костурница свежо цвеќе ќе положат бројни делегации, меѓу кои и на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Максим Димитриевски. Државниот врв ќе го претставуваат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик – министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман, додека остатокот од владиниот кабинет ќе биде во Прилеп и Битола.

Чествувањето утре ќе заврши  со Велосипедската трка „ТРОФЕЈ 11 Октомври“ во организација на ОССК и Велосипедски клуб ВЕЛО-М Куманово. Трката започнува во 12 часот пред спортската сала и ќе се вози кружно на релација „Октомвриска револуција” и „3-та МУБ”. Пред трката ќе возат деца велосипедисти.

Никола Ивановски