Куманово утре ќе ги прогласи најдобрите спортисти за 2019 година

Сподели со своите пријатели

Најдобрите спортисти од Куманово утре ќе ги добијат заслужените признанија, кои со почеток од 18:00 часот во Занаетчискиот дом ќе им бидат врачени од страна на локалната самоуправа и Сојузот на спортови на град Куманово.

Loading...

Наградите ќе бидат поделени во неколку категории. Десетмина спортисти ќе добијат награда „Најдобар спортист за 2019 година“, а по една награда ќе биде доделена во категориите: најдобар клуб, најдобар тренер во сениорска конкуренција, најдобар тренер во младинска конкуренција, награда за животно дело, меѓународен успешен спортист, најдобар спортист пензионер, најдобар спортист со инвалидитет.

Во рамките на манифестацијата ќе бидат доделени и повеќе благодарници, како и награди за ученици, наставници и основни и средни училишта.

Leave a Reply