Куманово утре го пречекува Работнички

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат Работнички во рамките на 3. коло од Суперлигата во македонската кошарка.

Куманово во мечот влегува со минорни шанси за успех со оглед на фактот дека Работнички од почетокот на сезоната, по 24 натпревари не бележи пораз. Освен трансферот кој од Куманово во Градски парк го направи Димитар Караџовски, центарци се засилија и со повеќе странски кошаркари, додека во Куманово доминира младиот дух на македонските кошаркарски сили.

 

Loading...

 

Натпреварот кој ќе биде доста интересен, но и тежок за избраниците на Александар Петровиќ, зпаочнува од 19 часот во Спортската сала Куманово, а од Управниот одбор на домашниот клуб ја повикуваат публиката во што поголем број да им даде поддршка на „сино-белите“ кои се борат да влезат во топ четири најдобри екипи кои ќе се борат за титулата.

Директен пренос од мечот ќе врши Македонската радио телевизија.

Leave a Reply