Куманово утре го пречекува Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Гостивар во рамките на 2. коло од домашниот шампионат.

Натпревар кој ќе биде доста интересен со оглед дека еден од милениците на кумановската публика, Александар Костоски оваа сезона го засили Гостивар, а воедно и затоа што е прв натпревар на домашна сцена од почетокот на оваа натпреварувачка сезона.

Сите натпревари од 2. коло се играат денеска, освен мечот Куманово – Гостивар кој утре во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ започнува во 17:45 часот, со директен пренос на МРТ.

Претходно избраниците на тренерот Александар Петрковиќ остварија победа над составот на Вардар, но и Гостивар реализираше победа над Кожув.

Leave a Reply