Куманово утре го пречекува Гостивар

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен ќе го пречекаат составот на Гостивар во рамките на 15то коло од домашното првенство.

Loading...

Откако поради обврски во евро баскетот, беше одложен БИБЛ натпреварот на сино-белите кој требаше да се игра во Израел, кумановци му се враќаат на домашниот шампионат.

За избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски ова е 10ти натпревар во Првата лига, каде досега бележи шест победи.

Мечот ќе се одигра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 18 часот, но без присуство на публика.

Никола Ивановски

Leave a Reply