Куманово триумално низ Кавадарци

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово остварија победа против составот на Фени Индустри од Кавадарци во рамките на 20. коло од домашниот шампионат, со резултат 82:88.

Loading...

Избраниците на тренерот Александар Петровиќубедливо го стартуваа мечот па уште во првите 10 минути на паркетот направија солидно водство со 27:14.

Втората четвртина кумановци дозволија домаќинот да доминира во шутевите, меѓутоа сепак на полувреме се замина со позитива за Куманово, односно резултат 41:47.

Слична игра кумановци прикажаа и во вториот дел од средбата. Третата четвртина ја добија со шест поени повеќе, а во последната за ист број поени беше подобар домаќинот Фени.

Во составот на Куманово со 20 поени најефикасен беше репрезентативецот Адем Мекиќ, а двоцифрен број поени запишаа и Мирко Ковач, Бранислав Ѓекиќ, Игор Пенов, Лука Петровски и Филип Думиќ.

Кај поразените најефикасен, а воедно и поентер на мечот, беше Кенет Фундербург со 22 поени.

Со оваа победа се вратија шансите на Куманово за пласман меѓу шесте најдобри. Но, бидејќи избраниците на Петровиќ не триумфираа со позитива од 12 поени, а Фени е подобар во меѓусебните дуели, во случај на ист број бодови во таблета, кавадарчани ќе бидат на посакуваното шесто место.

Следниот меч Куманово го игра на домашен терен веќе во петок, а за противник го има составот на Блокотехна кој моментално е второпозициониран во табелата.

Loading...

Leave a Reply