Куманово се засили со американски плејмејкер

Сподели со своите пријатели

Отис Ливингстон е најновото засилување на Кошаркарскиот клуб Куманово.

Loading...

Роден е во САД, висок 181 сантиметар, игра на плејмејкерската позиција.

Во редовите на Куманово доаѓа од данското првенство, односно од тимот на Хорсенс.

Минатата сезона, прва за него во Европа, просечно постигнувал по 12,2 поена, 5 асистенции и 2,9 скока по натпревар со индекс 14,4.

Ливингстон веќе ги имаше и првите тренинзи со ростерот на Куманово, но засега останува непознато дали ќе дебитира во БИБЛ лигата на натпреварите закажани во Бугарија следната недела.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply