Куманово се разбуди на -7, максималната дневна 4 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со слаба магла по одделни котлини. Темпеатурата ќе достигне од 5 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината утринава беа измерениниски -7 степени целзиусови. Во текот на денот ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и умерен ветеер од источен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 4 степени целзиусови.

Сончево, кон крајот на денот со мала до умерена облачност ќе биде во текот на утрешниот ден. По котлините ќе има услови за претпладневна магла.Утринските температури ќе се движат од -9 до -1, додека максималните дневни од 9 до 15 степени.

До недела ќе се задржи сончево со услови за појава на претпладневна магла по котлините. Утрата и понатаму ќе бидат многу студени, додека дневната температура од утре ќе биде во позначителен пораст. Од понеделник ќе има зголемување на облачноста и повторно опаѓање на дневната температура придружено со умерен до засилен северен ветер.

 

Loading...