Куманово се приклучува кон иницијативата за помош на Албанија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово од денеска на градскиот плоштад можат да донираат вода, храна, облека и парични средства за настраданите во катастрофалниот земјотрес во соседна Албанија.

Loading...

На иницијатива на група граѓани преку социјалните мрежи, а во соработка со Црвениот крст од денеска е отворен пунк кај споменикот Батко Ѓорѓија.

–  Кон акцијата ни се приклучија сите наши партнери кои и претходно учествуваа во нашите организации, така да во организацијата имаме многу членови од други организации кои работат за поддршка на децата и настраданите во сите сфери. Оваа акција ќе трае неколку дена, денеска е првиот ден, за донирање како што гледате и сами најпотребни работи се вода, храна и облека. Се надеваме дека во корелација со Црвениот крст ќе ги следиме нивните инструкции, изјави Александар Крстевски, еден од иницијаторите на акцијата.

Целата донација ќе оди директно до Црвениот крст, а во следните денови пунктови за донации ќе бидат поставени и на други локации во градот.

Leave a Reply