Куманово се гуши во загаден воздух, како да се заштитиме?

Сподели со своите пријатели

Воздухот во Куманово од почетокот на месецов е загаден и дневните концентрации во просек изнесуваат над 100 микрограми ПМ10 честички на метар (100 µg/m3 ). Најлошо било на 2. декември кога просекот за целиот ден изнесувал 166µg/m3, иако дозволената граница е само 50.

 

Loading...

 

Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендираните честички два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 µg/m3 надлежните препорачуваат:

  • Да се користи јавниот превоз

  • Возила да не се користат без поголема потреба

  • Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

  • Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал

  • Правилно да се користат печките за дрва

Во вакoв случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на РМ даваат препораки за ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Leave a Reply