Куманово прослави покана за НАТО (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Куманово вечерва е еден од 15те градови низ кои со концерти се слави поканата за членство во НАТО.

 

Loading...

 

Поголем број граѓани, обично пензионери и повозрасни кумановци, заедно со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за образование Арбр Адеми, како и градоначалникот Максим Димитриевски и функционери од локалната самоуправа.

 

 

Групата Шутка Рома Рап, Мухамед Ибраими, PMG Колектив и Фолтин настапија на градскиот плоштад во Куманово. Прослава мина во мирна атмосфера и со зголемено полициско присуство низ градот поради присуството на првиот човек на МВР.

 

Loading...

 

Никој од претставниците на Владата на Република Македонија не се обрати пред граѓаните, а немаше предвидено ниту изјави за медиумите.

 

 

Засега останува непознато колку граѓаните ќе ги чинат овие прослави ширум државата. Владата ги прави пресметките, а во НАТО влегуваме под услов името на државата да биде променето со уставни измени на референдум.

Повеќе фотографии погледнете во галеријата подолу.

(ГАЛЕРИЈА) Прослава за поканата во НАТО во Куманово

Leave a Reply