Куманово преку Пелистер до втората позиција во табелата

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово на домашен терен вчеравечер остварија победа против составот на Пелистер од Битола, во рамките на 4. коло женската прва лига на Македонија.

Уште на стартот на натпреварот избраничките на тренерот Зоран Јосимовски набилдаа резултатска предност пред најголемиот ривал оваа сезона. Седум погодоци беше разликата во првиот дел од средбата, негатива која Пелистер залудно се мачеше да ја надмине, па на пауза се замина со резултатот 18:11.

Со високата предност второто полувреме за кумановки беше реалаксирано, а при крајот примија и неколку голови кои сепак немаа влијание врз крајниот резултат, затоа што резултатот беше во нивна корист.

Со конечните 28:25, ракометарките на Куманово ја добија победата од овој меч и се искачија на втората позиција во табелата, каде му дишат во врат на моментално првопласираниот состав на Металург.

Најефикасна во составот на Куманово беа Александра Боризовска и Сања Дабевска со по шест реализирани погодци, додека еден гол помалку постигнаа Мила Трајковиќ и Јована Кипријановска.

– Ова беше четврто коло, битно го добивме, три бода се во нашиот џеб, малце се опуштивме, но битно е дека победивме. Се надеваме на подобра игра, мислам супер изигравме во првото полувреме, а второто кога видовме дека водиме малце се опуштивме, направивме грешки и затоа дојде до три разлика, изјави Ивана Наумовска, голман на ЖРК Куманово.

Веќе во недела продолжува битката за титулата која Куманово ја најави за оваа сезона, кога на гостински терен играат против составот на Спартак.

Leave a Reply