Куманово преку Гостивар до втора победа сезонава (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово впишаа втора победа сезонава откако на домашен терен вечерва го совладаа составот на Гостивар со убедливи 75:63.

 

Loading...

 

Само првата четвртина од средбата Гостивар им парираше на кумновци, иако на крајот сепак домќините имаа благо водство од еден поен со резултат 17:16.

 

 

Втората четвртина беше во знакот на Куманово, кога кошаркарите прикажаа одлична игра и  цврста одбрана и брзи напади направија предност од осум поени. На полувреме се замина со резултат 35:27, на голема радост на навивачите кои ја исполнија салата.

 

Loading...

 

Плус единаесет во третиот квартал и плус 17 на момент во четвртиот беа доволен доказ дека кумановци ќе го добијат мечот, но не попуштија. До крај се бореа за секој поен против гостиварци за конечен резултат 75:63.

 

 

Со 26 поени брилираше репрезентативецот Адем Мекиќ, а веднаш зад него со 16 е и капитенот на тимот Мирко Ковач.

 

 

Кај гостите со 19 поени брилираше Фустингер.

 

Loading...

 

Ова е втора победа за избраниците на тренерот Александар Петровиќ, кои се на втората позиција во табелата, со ист брод бодови како Работнички и Блокотехна.

 

 

Следниот викенд кумановци гостуваат кај АВ Охрид.

 

Loading...

 

 

Leave a Reply