Куманово наскоро добива кружен тек, катна гаража и неколку реконструирани улици

Сподели со своите пријатели

Повеќе инфраструктурни проекти во моментот се реализираат на подрачјето на Куманово, информираше вчера градоначалникот Максим Димитриевски, кој додаде дека со завршување на зимската сезона, по 15ти март ќе продлжи целосната имплементација на развојната програма на општината.

Loading...

Од пред неколку дена е започнато пролетното крпење на дупките, а се довршува и канализациониот систем на улицата „4ти Јули“ која наскоро треба да биде подготвена за нови тротоари и нова асфалтна подлога. Освен тоа се работи и на улиците „Србо Томовиќ“ и „Страшко Арсов“, додека кракот од „Моша Пијаде“ во близина на детската градинка кој стана пешачка зона исто така ќе биде реконструиран.

До крајот на годината Димитриевски се надева дека Куманово ќе го добие и првиот кружен тек.

– Во завршна фаза сме на завршување на проектот и влезот во градот, реконструкција на влезната крстосница во градот и трансформација на истата во нов начин на сообраќајно решение, а тоа е кружен тек во градот и се надевам дека конечно ќе успееме оваа година Куманово да го добие својот прв кружен тек, изјави Димитриевски.

Отворена е и постапката за избор на компанија која ќе влезе во јавно – приватно партнерство со Општина Куманово со цел модернизирање на уличното осветлување преку СМАРТ систем, а во тек е и изградбата на катна гаража.

– Во централното градско подрачје градиме нова монтажна катна гаража во близина на Домот на култура, исто така прва од ваков вид во нашиот град, а се во рамки на развојната програма и во рамките на буџетските средства со кои располагаме и немаме намера да застанеме тука, верувам дека оваа година ќе работиме и ќе се подготвиме уште подобро следната година да направиме уште подбра инвестиција и да ја реализираме програмата која им ја ветивме на граѓаните.  Барам од граѓаните разбирање, јас знам дека сите проекти што ние ги правиме не можат да бидат општо прифатливи за сите, имам разбирање дека од страна на едни ќе има критика, додека од страна на други ќе има пофалба, но на крајот секако најважно е даби де задоволно мнозинството, рече Димитриевски.

Loading...

Куманово годинава слави пет века постоење, но како што вели градоначалникот од 46 села само две имаат решено водоснабдување, што зборува за фактот дека градот има сериозни комунални и инфраструктурни проблеми кои не можат да се решаваат преку ноќ.

– Заедно со заеднички сили сметам дека можеме да дадеме допринос во делот на она што значи градска хигиена и одржување на истите, бидејќи целосното загадување и фрлање неконтролирано на отпадоци во градот доаѓа првенствено од нас граѓаните. Во пролениот период и почетокот на пролетната сезона ќе излезам со еден јавен повик до сите граѓани да сите активно се вклучиме да го исчистиме заедно Куманово, тоа ќе значи со јавните претпријатија да се организираме заедно со месните заедници секој да се обиде да исчисти пред својот двор, а подоцна да се обидеме таа хигиена да ја сочуваме на долгорочно ниво, додаде Димитриевски.

Во тек е и изградба на спортско игралиште кај спортскиот комплекс на „Октомвриска револуција“, кое со почетокот на летото ќе им биде ставено на располагање на граѓаните.

Leave a Reply