Куманово на чекор до титула (мегагалерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово на чекор до титулата во Кошаркарската лига на Македонија, откако вечерва со резултат 84:73 на гостински терен ги „приземји соколите“.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”364″]

 

На самиот почеток на натпреварот Куманово направи разлика од 11 поени пред домаќинот и до крајот успешно ја одржуваше двоцифрената предност, без шанса домаќинот да поведе.

Со 20 поени Александар Костоски ги направи горди кумановци заедно со неговите седум асистенции, а веднаш зад него е Трајковски со 16 бода.

Благодарение на силната борба на сино-белите, но и поддршката која ја добија од трибините тие повторно во финале ќе играат со МЗТ Скопје Аеродром и тоа најверојатно во вторник на гостински терен.