Куманово кон крајот на 19 век

Сподели со своите пријатели

По Берлинскиот конгрес, кој бил одржан во 1878 година, Македонија станува северна граница на Турската империја, станува граничен предел и заедно со Косово, Метохија, Санџак и Албанија таа претставуваше уште еден неослободен дел на Балканот од власта на Турција.

Тогаш во Македонија, во сите нејзини градови, меѓу кои и Куманово, започнал побрз растеж на трговијата и имало доста новини во животот на луѓето. Тогаш во Турција настанале економско-политички промени.

Со отстранување на тимариотско-спахискиот систем се создаваат нови аграрни реформи и односи, во тоа време имало и зацврстување на чифлигарството, а со тоа има и голем прилив на луѓе од село кои минувале во град.

И Куманово имало свој подем. Тоа време за Куманово особено било важно по новата железничка пруга со која Куманово се поврзува со Скопје и Белград. Последните три децении на 19 век во Македонија имало изградба на железничка линија што водела од Белград до Скопје. Таа година се изградила линија во должина од 85 километри на релацијата Скопје – Куманово – Забевче.

Во тоа време се чувствувала и потребата од кредитирање. Тоа го барало стопанството, а особено трговијата, која по сите градови на Македонија растела и се повеќе ја ширела својата мрежа. Оваа потреба од отварањето на банки за кредитирање се почувстувала и во Куманово. Во 1908 година Зиратната банка отворила филијали во сите поголеми градови на Македонија. Со тоа и Куманово добило своја банка која и била од корист на трговијата.

Истата година и „стрпските трговци“ отвориле парична кредитна установа.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 30 (вторник, 15 јануари 1963. година)

Leave a Reply