Куманово ќе добие современа бензинска пумпа и станица за технички преглед (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од понеделник (5 август), започнува со работа комплексот „Пин Петрол“, кој ќе нуди услуги „СЕ ВО ЕДНО“!

Loading...

“Пин Петрол” располага со современа бензинска пумпа, станица за технички преглед, ресторан, супер маркет и автоматски перални.

На површина од 8000 метри квадратни, во современи објекти и со софистицирана опрема по високи стандарди, граѓаните на едно место можат да добијат сертифицирани горива: Еуросупер 95 БС, Еуросупер 98 БС, Еуродизел БС, Течен Нафтен Гас (ТНГ) и AD BLUE, како и врвна услуга во најсовремената станица за технички преглед за сите видови возила, регистрација, сите видови на осигурување, издавање на меѓународни возачки дозволи, документи за управување со туѓо моторно возило, хомологација и сите други услуги што ги диктира новото време и современото работење. Во состав на компанијата ќе работи и шалтер на Македонски пошти, како и канцеларија на МВР, заради целосно завршување на законските процедури при регистрација на возила. „Новина во работењето на „Пин Петрол“ е тоа што работното време е прилагодено на потребите на граѓаните, што значи дека службата за технички преглед ќе работи од 7 до 20 часот во работните денови и од 8 до 16 часот во сабота. Од сега па натаму нашите сограѓани не треба да излегуваат од работа или да земаат слободен ден за да ги завршат сите формалности околу регистрацијата на возилата, туку тоа можат да го сторат и по работното време. Останатите содржини ќе бидат во функција на граѓаните 24 часа. Ги повикуваме сограѓаните да не посетат и да се уверат во квалитетот и разновидноста на услугите што ги нудиме” – информираат од компанијата. За возачите обезбеден е голем паркинг простор, покриен со видео надзор, како и автоматска перална за автомобили, автобуси и камиони и селф перални. Супер снабдениот маркет работи 24 часа како и ресторанот со капацитет од 60 места, со богато мени од сопствена кујна.

„Пин Петрол“ се наоѓа на ул. Ѓорче Петров бр. 725-38 на влезот во населбата „Перо Чичо“.

Leave a Reply