Куманово ќе добие ново јавно претпријатие „Куманово План“

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе добие уште едно јавно претпријатие „Куманово План” одлучија советниците на вчерашната седница на која беа разгледани 50 точки на дневниот ред. Претседателот на советот на општина Куманово, Атина Мургашанска информираше дека претпријатието се формира на иницијатива на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски. Новото претпријатие ќе се  занимава со планирање, проектирање и изработка на просторни и урбанистички планови.

Loading...

„За потребите на претпријатието донесена е и одлука да се пренаменат средствата во висина од 5, 5 милиони денари кои досега се користеа од одделението за урбанизам за истата намена“-информираше Мургашанска.

На вчерашната седница, советникот од Сојузот на Ромите Срџан Рушити кој досега беше дел од Коалицијата „За подобра Македонија“, информираше дека ќе премине во колацијата предводена од СДСМ, согласно политиките на неговата партија на централно ниво.

На седницата беа разгледани и усвоени извештаи за работата на  петте јавни претпријатија во Куманово и одлуки за вработување во овие претпријатија. 

 

Leave a Reply