Куманово ќе аплицира за Европски град на спортот за 2019 година (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово поднесе кандидатура за добивање на статусот Град на спортот за 2019 година, која го доделува европското здружение „ЕЈСИС Јуроп“ од Брисел, кое го следи спортот во цела Европа.

Тимот од Општина Куманово веќе ги подготви документите, па во следниот период претставници од повеќе европски институции ќе дојдат во градот за да ја утврдат фактичката состојба со спортот, клубовите и сите спортски активности.

– Да се направи реален пресек дали реално во Куманово имаме спорт, имаме со што да се пофалиме, постојат и функционираат повеќе спортски клубови, се довиваат спортски активности во градот и имаме намера на овој начин да го продлабочиме тоа, со тоа што ќе го развиваме дополнително спортот и секако ќе добиеме признание кое реално нашите спортисти и нашата општина ја заслужува, изјави Димитриевски.

Loading...

Со средства на граѓаните, општината го поддржува спортот, а како што додаде Димитриевски, заедно со стопанството и општествено-одговорните компании ќе се продолжи со вложувањето во спортот за да младите се отргнат од преголемата употреба на технологијата и пороците на модерното време.

Двајца експерти од оваа област од Бугарија и Хрватска денеска пристигнаа на помош за подготовка на кандидатурата.

Куманово ќе се натпреварува во категоријата „сити“, средни градови од 25.000 до 500.000 жители.

– Комисијата доаѓа во единаесетиот месец на евалуација на кандидатурата, тука сме заедно на работен состанок, подготовките започнаа, верувам дека таа подготовка на кандидатурата ќе биде успешна и кога комисијата ќе пристигне во Куманово дека тоа ќе биде успешна кандидатура и дека Куманово ќе го потврди својот настав. Се андевам дека и Куманово ќе биде меѓу наградените градови, изјави Верислав Чижмек од Хрватска.

Ние од Бугарија и Европа со нетрпение го очекуваме влегувањето на Македонија во Европскиот сојуз, вели професорот Халачев од Република Бугарија, кој е меѓу експертите кои денеска пристигнаа во Куманово.

– Со своето искуство од европските фондови, би можеле да ја помогнеме општината да учествува и во програмата Еразмус плус спорт со која управува од Европската комисија и тоа е една програма за спортот со која би можеле да аплицираме за средства до 500.000 евра со кои би можеле да се финансираат спортски настани и тука во Куманово да се соберат повеќе страни, бидејќи во проектот треба да учествуваат минимум 10 држави, односно ние би сакале тука во Куманово да се соберат различни народи од државите на ЕУ, изјави професорот Халачев.

Доделувањето на признанијата е на 14ти декември годинава во Европскиот парламент.

Leave a Reply