Куманово им врачи награда на Шенка и Ѓорѓи Колозови за особен придонес во културата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Награда за особен придонес во културата и актерската игра „Васил Иљоски“ вчеравечер беше врачена на актерката Шенка Колозова, која ја зеде и наградата за нејзиниот сопруг Ѓорѓи Колозов која, постхумно ја додели Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на вчерашното отварање на фестивалот „Денови на комедија“.

Loading...

 

 

Актерскиот пар најголем дел од својата кариера го има поминато на штиците во кумановскиот театар. Колозова во емотивен говор рече дека повеќе се радува за постхумната награда за нејзиниот сопруг, отколку за својата.

– Кога ми јавија дека и за Ѓорѓи Колозов има награда само реков повеќе се радувам за второто отколку за мене, затоа што ако не беше тој, јас немаше да ја имам честа да стојам вечер пред вас и да добивам награди. Тој беше што води, тој беше што турка, џабе ми е способноста, ако нема кој да ти покаже како да ја покажеш. Мислам дека дури ми е тешко и тажно, мислам дека заслужува вакво нешто и многу ми е мило што некој се сети да го направи тоа, рече Колозова.

 

Loading...

 

Најубавите години, како што вели, ги минала во Куманово, град за кој ја врзуваат само убави спомени.

– Многу години поминавме, најубавите години, младоста ја поминавме овде, многу претстави и улоги и кога ќе си вратам се, се прашувам кој лош спомен го имам од тука од Куманово? Ниеден. Не се сеќавам дека некој во Куманово ме навредил, дека некој лошо ми направил. За овој град само убави нешта ме врзуваат и затоа сум многу благодарна, рече актерката.

Инаку наградата „Васил Иљоски“ годинава се доделува за прв пат од страна на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и истата се очекува да стане традиција на сите следни изданија на фестивалот „Денови на комедија“.

Никола Ивановски

Leave a Reply